Македонија
10. January 2018 - 21:26

Грчката црква против името Македонија и кај МПЦ

Грчката црква е против употреба на терминот Македонија во решавањето на спорот со името вели грчкиот архиепископ Јероним во изјава за весникот Kатимерини. Весникот пренесувајќи го неговиот став наведува:

Прашањето за ФИРОМ е национално и не може да ја остави рамнодушна ниту Грчката црква. Да се потсетиме и на претходниот став кој веќе го имаше изнесено нашата црква и митрополитите од целата земја, а тоа е дека нашата соседна држава го узурпирала името Македонија и тоа име не им припаѓа на соседите туку е наше.

Давајќи осврт на актуелните случувања меѓу двете земји весникот наведува дека прашањето за името било на маса и пред грчките митрополити и дека најголем дел од нив ги зацврстиле веќе познатите позиции.

Дел од домашните експерти и познавачи на црковните прашања велат дека не се изненадени од ваквиот став но објаснуваат дека грчките црковни службеници и митрополити го актуелизираат повторно ова прашање сега со цел грчката преговарачка страна да добие посилни позиции во преговорите.