Грција има најмногу случаи на Делта сој на Балканот, вели Филипче
Треба да заземеме поорганизиран пристап во однос на делта сојот и ќе разговарам со колегите министри од регионот за да замеме заеднички став, рече министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање во врска со планот да се воведат рестриктивни мерки на границите за патниците.
-Досега се потврдени четири случаи на делат сојот во Македонија, а се чекаат резултати на уште четири граѓани за кои нема информации дали патувале надвор од земјава. Од заразените со Делат сојот тројца се полесна клиничка слика, а пациентот од Велес е болнички пациент. За четирите нови случаи се чека потврда, но еден од нив е веќе на респиратор, појасни Филипче.
Тој рече дека се планира нов состанок на Комисијата за заразни болести во однос на рестрикциите на границите иако засега само Грција бара потврди и ПЦР тестови, но таму има и најголем пораст на заразени од Делта сој од целиот Балкан.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена