ГРЕКО: Македонија спровела само шест од 19 препораки за борба против корупцијата

ГРЕКО, телото за борба против корупција на Советот на Европа, во својот најнов извештај за Македонија оценува дека “нема опиплив напредок“ во оваа област.
Телото смета дека резултатите во Македонија се “очигледно разочарувачки“ и ги повикува властите да преземат конкретни мерки во однос на препораките дадени пред четири и пол години.
Само шест од деветнаесет препораки се имплементирани, вели Советот на Европа.
-Во однос на пратениците ниедна од препораките не е имплементирани ниту делумно, освен кодексот за пратениците. Што се однесува во судиите и обвинителите, извештајот констатира дека земјата направила ограничен напредок, се вели во соопштението
ГРЕКО го истакнува усвојувањето на амандманите за законот за Судскиот Совет. Телото ги посочува и контроверзните поврзани за Државната Комисија за спречување на корупцијата и недостатокот на напредок во изјавите за имоти и интереси.
-ГРЕКО заклучува дека ниското ниво на усогласеност со препораките е “глобално незадоволително“ и бара од шефот на делегацијата за Македонија да презентира нов извештај за напредокот во имплементацијата на препораките што е можно побрзо, најдоцна до 30 јуни 2019.
Ново на Сител
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
-

Нема простор за паника, но има потреба од внимателност по одложувањето на вакцинацијата со БСЖ
-

Преглед на вестите од светот
