Груби: Имаме селективна правда, корупцијата е главен кочничар
– Имаме селективна правда, но сите заедно треба да смогнеме сили да започнеме процес на цел општествен ветинг и да расчистиме еднаш и засекогаш со сите корумпирани политичари, новинари, судии, обвинители, истакна првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
– Имаме селективна правда, за жал, и тоа го имаме констатирано во неколку наврати во неколку случаи. Но, јас сметам дека вие медиумите, невладините организации, политичките партии, но и судството, судиите, обвинителите, треба заедно да смогнеме сили да започнеме процес на цел општествен ветинг, да расчистиме еднаш и засекогаш со сите корумпирани политичари, новинари, судии, обвинители и да пројдеме низ тој процес на прочистување како општество и да го вратиме кредибилитетот и довербата во институциите. Затоа, се надевам дека 2023-та ќе биде година кога ќе го усвоиме законот за ветинг и ќе започнеме со тој процес, рече Груби во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.
На прашањето кој ја опструира правдата, Груби со одговор дека „корупцијата е главен кочничар“.
Ново на Сител
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
-

Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски, неговите адвокати бараат ослободителна пресуда
-

Со статистика и без одговори одбележан Светскиот ден за безбедност при работа
-

Кол Томас Ален обвинет за обид за атентат врз Трамп - му се заканува доживотен затвор
-

Се презентираат наодите од обдукциите на жртвите во кочанската дискотека
