Македонија
11. July 2023 - 19:47

Груевски бара од Врховен вонредно преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“

Поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство побарал вонредно преиспитување на правосилната пресуда за случајот „Плацевите на Водно“. Барањето Груевски го доставил вчера до Врховниот суд преку неговиот адвокат Димитар Дангов. По поднесеното барање оформен е предмет и е распореден кај судија известител за понатамошно постапување, се вели во соопштението од Врховниот суд.

Груевски во овој случај првостепено беше осуден на 7 години затвор а годинава Апелација му ја зголеми казната за 2 години со што правосилно е осуден на 9 години затвор. Груевски се товареше за перење пари и противправно стекнување и прикривање имот.

Во овој случај осуден беше и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков но Апелација му ја намали казната и доби условна казна.