-->
-->
Груевски: Во преден план се интересите на граѓаните и нашата заедничка држава Македонија
-->
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во новогодишно обраќање порача сите лидери на партиите да извлечат поука од пораките од граѓаните на неодамнешните предвремeни парламентарни избори. Истакна дека во преден план треба да бидат интересите на граѓаните и Македонија.
- Креаторите на кризата ги одолговлекуваа изборите, но на крајот тоа стана неизбежно. Народот го кажа своето мислење, и тоа мора да се почитува. Секој од нас политичарите од различните политички партии треба да извлече поука од пораките кои граѓаните ги испратија на последните избори и да се фокусираме да направиме најдобро за земјата и за сите граѓани во неа, рече Груевски.
Реформите кои водат кон подобрувања на секој план, потенцира, мора да продолжат.
- Во преден план треба да се интересите на граѓаните и на нашата заедничка држава Република Македонија. Треба да се поттиснат напорите за надворешни влијанија чија цел се туѓи, а не наши интереси, на нашата држава и граѓани, порача Груевски.
На последните избори, посочи, некои политичари поттикнати од некои центри на моќ играа на картата на чувствата на различните етнички заедници во Македонија. Таа карта им беше инструмент за остварување на други цели. Во суштина сите ние, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и сите останати, христијаните, муслиманите, евреите, атеистите, сите се соочуваме со исти проблеми, рече Груевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника
-
Таравари: ДУИ да не политизира смртни случаи
-
Пожарот на Галичица делумно локализиран
-
АДКОМ на Балканската конференција во Приштина
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ