Хаос на улиците - 33 сообраќајни несреќи во Скопје

- Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје случени биле вкупно 33 сообраќајни незгоди, од кои во една потешко бил повреден пешак, А во осум со полесни повреди се здобиле 16 лица. Во 24 сообраќајки е причинета само материјална штета.
Како што информира МВР, во петокот сообраќајната полиција извршила увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобил пешак. Исто така, во една сообраќајка со полесни повреди се здобило едно лице, а девет поминале само со материјална штета.
Во саботата извршен бил увид во 14 сообраќајни незгоди. Во четири полесно биле повредени осум лица, а во 10 била причинета материјална штета.
Вчера во Скопје бил извршен увид на осум сообраќајки. Во три од нив со полесни повреди се здобиле седум лица, а пет биле со причинета материјална штета.
Викендов полицијата открила и санкционирала 16 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, 15 возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи поминале на црвено светло, како и 40 возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола. Биле затекнати и 103 непрописно паркирано возило.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 103 возила
Ново на Сител
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
-

Бесплатен влез на натпреварите на Македонија за најмладите фудбалери
-

Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа
-

Мицкоски: Охрабрени сме од пораките од Фон дер Лајен, но не и од ставот за уставните измени
-

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра
