Харадинај: Унијата Косово - Албанија ќе има посебни парламенти, но со еден претседател и премиер
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и кандидат за претседател на Косово, Рамуш Харадинај, кој пред неколку дена изјави дека ако до 2025 година Косово не биде дел од НАТО, тој ќе побара референдум за обеднвање со Албанија, во екслузивно интервју за албанската Ора њуз телевизија даде детали за заедничката унија Косово – Албанија.
-И Косово и Албанија ќе одржуваат одделни избори и ќе имаат свој парламент, но мора да имаме еден претседател. Исто така ќе има избори на унијата за заеднички парламент, со еден претседател и шеф на националната влада. Ние ќе одржиме избори Косово-Албанија секој за себе, но ќе имаме и заеднички избори во Унијата, објасни Харадинај.
Според него Албанија ќе го зачувува парламентот, Косово исто така ќе има парламент, но исто така “мора да имаме заеднички парламент и тогаш мора да имаме еден претседател, а не двајца и еден национален премиер“.
– Начинот на уставно дефинирање на унијата треба да го направиме со меѓусебни консултации за да не се натпреваруваме едни со други на пазарот, туку тоа треба да го направиме заедно. Начин што ќе се почитува, што ќе биде функционален, рационален, ќе земеме модели, ќе земеме помош од сојузниците за да ни кажат што е подобро. На пример, Воената академија „Скендербег“, не можеме да имаме причина да имаме целосно дуплирање на работата што ја работиме заедно и верувам дека така ќе функционираме, рече Харадинај.
На констатацијата на новинарот дека има искуство како се прават добри избори, Харадинај одговори „да видиме, да го зачуваме овој квалитет и на овие избори, доколку го сочуваме тогаш да, имаш право“.
Ново на Сител
-

Кривични пријави за насилните девојчиња во Аеродром и за родителите – дали се потребни построги казни?
-

Власта и опозицијата остануваат на спротивни позиции околу гласањето на дијаспората
-

„Еуроњуз“: ЕУ пренасочува повеќе пари кон Македонија, Црна Гора и Албанија за завршените реформи
-

ДНК и отпечатоци на судијата Ристов најдени на фолиите со 350.000 евра
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисалјовски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
