Хашкото обвинителство побара доживотна казна затвор за Младиќ
Хашкото јавно обвинителство на денешниот последен ден од завршниот збор во судскиот процес против поранешниот воен командант на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, побара Судот во Хаг да му изрече доживотна казна затвор.
- Би преставувало навреда за жртвите, и за преживеаните и за мртвите, но и навреда за правдата, доколу ми се одреди која било друга казна освен најстрогата предвидена со законот - доживотен затвор, изјави хашкиот обвинител Артур Тралди.
Младиќ е обвинет по две точки од обвинението во врска со војната во Босна и Херцеговина, во кои се товари дека негова цел била создавање на етнички чиста српска држава на територијата на БиХ, а му се припишува и одговорност за масакрот во Сребреници и за повеќе воени злосторства.
Генералот Младиќ (74) ги отфрла наводите во обвинението.
Претходно во март годинава, Хашкиот суд на 40-годишна затворска казна го осуди политичкиот лидер на босанските Срби во време на Војната во БиХ, Радован Караџиќ.
Ново на Сител
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот