Свет
13. November 2019 - 11:37

Хонг Конг на работ на колапс, нови судири меѓу демонстрантите и полицијата

Хонг Конг денеска се подготвува за нови судири бидејќи антивладините демонстранти веќе трет ден по ред планираат да ги парализираат азиските делови од овој финансиски јазол, а делови од јавниот превоз, училиштата и многу компании ќе бидат затворени по последната ескалација на насилствата.

Британските медиуми пренесуваат дека полицијата испукала созлавец врз демонстрантите додека палеле автомобили, фрлале Молотови конктели врз полициска станица и врз воз во подземната железница, и додека провалувале во еден трговски центар.

Новите судири избија само еден ден откако полицијата пукаше врз еден учесник на протестите, додека втор беше запален од група млади лица, што се сметаат за најгрозните инциденти во петмесечните протести во градот.

Повеќе илјади демонстранти, со маски на лицата, веќе втор ден протестираат во финансискиот кварт на Хонг Конг, а ги блокираа и улиците околу некои од највисоките солитери и најскапи имоти.

Откако протестите завршија полицијата истрела солзавец врз демонстрантите кои одбија да се разотидат, а уапсени се и повеќе од 10 лица, јавија американските медиуми.

Многу станици на метрото и надземната железница се затворени откако демонстрантите ги блокираа патничките бродови и напаѓаа возови.

Продолжува и бојкотот на наставата на универзитетите, а на родителите се советуваат да не ги пуштаат децата надвор од домовите.

-Нашето општество е на работ на целосен колапс, соопшти на прес конференција полицискиот началник Конг Винг-гунг, алудирајќи на дводневното насилство.