-->
-->
Хорор: Петгодишно девојче искасано од кучето на соседот
-->

Петгодишно девојче од Сремска Митровица е искасано од куче - златен ретривер кој и нанел повреди на раката, грбот и главата.
Девојчето е стабилно и по укажаната помош на одделението за Хирургија во Општата болница во Сремска Митровица е пуштена дома.
Според зборовите на очевидци, по завршувањето на претпладневната литургија во црквата во населбата Камењар соседското куче го нападнало девојчето, соборувајќи го на стомак, и почнал да ја кине и каса.
-Детето почнало да вика и да вреска, а ние за среќа, што малку останавме во црквата, веднаш дотрчавме. Почнавме кучето да го удираме со нозе, за да го одвоиме од детето, вели еден од сведоците на настанот.
Во општата болница потврдија дека дошло до ваков инцидент, и дека на петгодишното девојче иако му се санирани раните, тоа претрпело голем страв.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
-

Обвинета во случајот „ИПАРД“ призна вина
-

Пораките на Димитровска објавени во судница
-

Функционерите не ги пријавуваат подароците кои ги добиваат во Антикорупциска
