Хоти: Финалниот договор со Србија ќе резултира со меѓусебно признавање

Косовскиот премиер Авдулах Хоти на денешната средба со амбасадорот на Норвешка во Косово Јенс Ерик Грондал изјави дека неговата Влада е посветена на постигнување финален договор со Србија, кој, според него, ќе резултира со меѓусебно признавање на двете држави.
Во соопштението од средбата се наведува дека Хоти го информирал амбасадорот Грондал и за приоритетите на Владата на Косово во борбата против Ковид-19, мерките за економско закрепнување, агендата на европските реформи, јакнењето на владеењето на правото и за општите состојби во земјата.
– Премиерот Хоти се заблагодари за помошта од Норвешка доделена на Косово во сите фази на развојот, оценувајќи дека јакнењето на соработката меѓу двете земји е од посебно значење и во иднина, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
