ИЈЗ: Регистрирани 2.943 заболени од грип
Извештајот, што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.
Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 21,1 отсто споредено со истиот период минатата сезона.
Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 112 материјали за тестирање на грип, од кои 72 (64,3 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – 50 Influenza A(H1)pdm, девет Influenza A(H3) и 13 Influenza А несуптипизиран.
Најголем број заболени (1.861) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 284 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години.
Според податоците од 26 извештајни единици, најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (486), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Кавадарци (673,9 на 100.000 жители).
Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 9.314.
Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.992 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,4 отсто од вкупниот број набавени вакцини.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива