Инспектори на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници
Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје во рамки на редовните работни задачи во текот на изминатите денови исконтролирале над 40 превозници, при што се утврдиле неправилности и одзеле девет сообраќајни дозволи на диви превозници, информираше денеска прес-службата на Град Скопје.
Оттаму најавија дека продолжуваат со засилените инспекциски надзори за да се овозможи почитување на прописите, a Инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел, како што велат, сузбивање на дивите превозници на територијата на градот.
– Неселективно при вршењето на контролите се санкционираат сите што не го почитуваат Законот за јавни патишта и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и на другите учесници во сообраќајот, се вели во соопштението на Град Скопје.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски