Иранската Револуционерна гарда демантира дека на Хутите им дала ракети
- Иранската Револуционерна гарда денеска ги негираше обвинувањата на Саудиска Арабија дека Техеран доставил ракети до јеменските бунтовници Хути, откако синоќа над Ријад беше пресретната ракета.
- Сите знаат дека сите рути за испраќање оружје во Јемен се блокирани. Јеменците постигнаа капацитет сами да произведуваат одбранбено оружје, вклучувајќи ракети, достигнување кое на Саудијците им е несфатливо, изјави иранскиот бригаден генерал Јадола Јавани.
Саудиските Воздухопловни сили претходно соопштија дека синоќа пресретнале ракета над североисточниот дел на Ријад, која наводно ја истрелале бунтовници Хути од Јемен.
Некои светски медиуми јавија дека биле истрелани повеќе ракети врз аеродроми во Саудиска Арабија, а дека една од нив била лансирана кон аеродромот во Ријад.
Саудиска Арабија за пресретнувањето на ракетите го активирала американскиот систем за противракетна одбрана „Патриот“, кој според снимки објавен на Интернет, не функционирал како што треба.
Имeно, една ракета експлодирала веднаш по лансирањето, додека другата се вратила во градот и погодила станбен дел.
Саудиската страна не коментира дали другите ракети ги погодиле целите или и тие биле соборени.
Ново на Сител
-

Кос за бугарски БНТ: Очекуваме Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во својот Устав за да се движи напред кон ЕУ
-

ДУИ: Пресудата за водачите на ОВК е првостепена, очекуваме неправдата да биде исправена
-

Во Штавица кај Прилеп започна Балканскиот спелеолошки камп, 150 спелеолози од 15 држави ќе истражуваат 6 пештери
-

Преглед на вестите од светот
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
