-->
-->
Исчезнува едно од најнеобичните езера на светот
-->

Некогаш најголемото солено езеро на Блискиот Исток, Урмиа во Иран полека, но сигурно исчезнува.
За само 20 години големата солена површина со 120 острови во близина на турската граница, се намалила за 10 отсто поради многу високите температури. Од 70-те години на минатиот век езерото е помало за дури 90 отсто.
Причина за тоа е изградбата на брани и дупчењето што го спречува протокот на вода од шеесетина околни реки и притоки. Поради тоа значително се зголемил салинитетот на водата и тоа влијаело врз бројните животински видови кои тука опстојуваат. Дури и ендемски видови ракови, кои можат да поднесат големо количество сол, повеќе не можеле да се приспособат на промените во Урмиа.
За да го заштитат езерото од исчезнување, УНЕСКО и СЗО употребуваат технологија за наводнување фарми и спречуваат илегално дупчење. Сезонските дождови помагаат езерото да не пресуши, но тоа не е доволно.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
