Истече радиоактивна содржина од пакети на аеродромот во Њу Делхи

Обезбедувањето на меѓународниот аеродром во Њу Делхи блокираше денеска дел од аеродромот по дојавата дека меѓу багажот се наоѓаат пакети со радиоактивна содржина, која истекува, соопшти полицијата.
- Петнаесет кутии, во кои е спакуван нуклеарен материјал се изолирани, за да се утврди дали содржината протекла, откако кутиите биле натоварени во авион на Ер Франс, изјави началникот на Секторот за безбедност на аеродромот во Њу Делхи, Сања Бахтиа.
Таа додаде дека товарот стигнал од Франција, аеродромските власти го забележале истекувањето и ги информирале надлежните.
- Ситуацијата е под контрола. Го исчистивме просторот за багаж и доведовме ескперти од Регулаторниот одбор за атомска енергија за да го испитаат материјалот, истакна Бахтија.
Пратаката била наменета за биомедицински компании во Њу Делхи.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
