Истрага за убиството во Батинци
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои се осомничени дека заедно сториле кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3, како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи согласно член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик.
Како што соопштија од ОЈО, двајцата жители на Батинци, на 1 јули, во автомобил со странски регистарски таблички неовластено држеле три автоматски пушки чие поседување е целосно забрането за граѓаните. Со возилото пресекле пат на друг автомобил во кој имало две лица, излегле надвор и веднаш почнале да пукаат.
Едниот од оштетените го лишиле од живот, додека на другиот му го довеле во опасност животот и му нанеле телесни повреди, по што осомничените во близина на селото Драчевица го запалиле нивниот автомобил и избегале.
Двајцата осомничени се во бегство и недостапни на органите на прогонот од моментот на сторување на делата. Со оглед на тоа, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничените која ќе започне да се применува од нивното пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението на ОЈО.
До Министерството за внатрешни работи се издадени соодветни наредби за пронаоѓање на осомничените лица.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!