-->
-->
Истражувач пробал да „готви" на екстремно ниските температури на Антарктикот, а резултатите се нереални
-->
Циприен Версо е астробиолог и глациолог кој моментално работи на најоддалечената научна база на светот - базата Конкордија на Антарктикот. Дури и Меѓународната вселенска станица која е 400 километри над Земјата е поблиску до цивилизацијата отколку ова место.
Кога не работи на научни истражувања, Циприен води блог за своите искуства и животот во ваквите екстремни услови. "Девет месеци во годината не може да се дојде ниту отиде од ова место. Толку е студено што не можат да поминуваат ниту возила. Моментално тука сме 13 луѓе - научници, техничари, готвачи и лекари", раскажал Версо за "Bored Panda".
"Ова е најстуденото место на Земјата каде температурата може да достигне и до -80 Целзиусови степени. За прв пат видовме сонце во август по три месеци. Воздухот тука е исклучително сув и со слаба концентрација на кислород", раскажал тој.
Меѓутоа, и покрај екстремните услови во кои тој живее, истражувачот секогаш пронаоѓа начин како да се забавува. Имено, тој пробал да "готви" на екстремните температури, а од фотографиите кои ги споделил на својот Твитер профил се гледа како се "однесува" храната на толку ниски температури.
Неговите објави веднаш станале вирален хит, а кога ќе ги погледнете ќе ви стане јасно и зошто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат