Италијанците маршираа за заштита на правото на абортус
Италијанците вчера излегоа да маршираат низ Рим, Милано и другите градови за заштита на правото на абортус, бидејќи стравуваат дека тоа ќе биде загрозено од десничарските партии кои се очекува да ја формираат новата италијанска Влада.
Американските медиуми јавија дека над илјада лица вчера маршираа во Рим и Милано носејќи транспаренти со натписи „Моето тело – мој избор“ и „Безбедно за сите“. Маршовите беа дел од акциите низ целата земја со цел да се испрати порака до Џорџа Мелони и нејзината партија дека демонстрантите нема да се залагаат за какви било промени на законот од 1978а година, познат како Закон 194, што ги гарантира правата на абортусот.
Вчерашните протести се совпаднаа со Меѓународниот ден на безбеден абортус. Донатела Марчели, која протестираше, вели дека Мелони продолжува да кажува дека не сака да го допре законот 194, но и дека сака да го гарантира правото на жената да не абортира.
Организаторите најавија митинзи против екстремната десница и рекоа дека стравуваат дека партијата на Џорџа Мелони ќе наметне „ригидни родови улоги и ќе им додели на жените задача да репродуцираат и да растат бела, патријархална и хетеросексуална нација“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот