Иванов се сретна со генералниот секретар на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими Ровшан Мурадов, генерален секретар на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ од Азербејџан, кој на покана на македонскиот претседател е гостин на шестата Школа за млади лидери.
Двајцата соговорници, соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, уште еднаш го поздравија Меморандумот за соработка кој годинава во Баку беше потпишан помеѓу Школата за млади лидери и Меѓународниот центар „ Низами Ганџави".
Иванов и Мурадов изразиле очекување дека во иднина ќе бидат отворени и нови можности за соработката меѓу Република Македонија и Република Азербејџан, особено во сферата на образованието и науката.
Меѓународен центар „Низами Ганџави“ е главен организатор на Глобалниот Баку форум во Азербејџан, на кој редовно учествуваат околу 40 активни и поранешни претседатели, меѓу кои и претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
ОЈО поведе постапка за тешка кражба во Скопје
-
Ајдин Османовиќ ја испеа „Заветна“ како честитка за Илинден
-
Енди Мареј го одигра последниот натпревар во кариерата
-
Ѓоковиќ го победи Циципас и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата
-
Алкараз го победи Пол и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата во 2024 година
-
Сиљановска Давкова: Должност на секоја генерација е да ја продолжи борбата и да го обновува духот на македонската република
-
Управните служби и денеска ќе издаваат готови лични документи на граѓаните
-
Австралиската полиција заплени 900 килограми метамфетамин