Македонија
17. August 2015 - 8:43

Иванов се сретна со поранешниот бугарски претседател Петар Стојанов

Претседателот Ѓорге Иванов синоќа во Охрид оствари работна вечера со поранешниот бугарски претседател, Петар Стојанов, кој на покана на македонскиот претседател е еден од предавачите на шестата по ред Школа за млади лидери.

На средбата, Иванов и Стојанов размениле мислења за билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и за актуелните прашања од регионот. 

Двајцата соговорници, соопшти Кабинетот на претседателот Иванов, се согласиле дека двете земји треба и во иднина да ги унапредуваат добрососедските односи, да соработуваат во сферата на евроатлантските интеграциски процеси, и во сите области кои се во интерес на мирот, стабилноста и развојот на регионот.

Стојанов се заблагодарил на поканата за учество, поздравувајќи ја иницијативата на претседателот Иванов за одржување на една ваква Школа за млади лидери, како и неговите лични заложби за надградување на образованието и лидерските способности на младите и талентирани луѓе од Република Македонија.