Македонија
11. February 2022 - 19:39

Ивановска: Радува фактот што повеќе не сме во категоријата „хибриден режим“

Во своето гостување во Тема на денот на Сител ТВ, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска истакна дека радува фактот што Македонија повеќе не е во категоријата „хибриден режим“ според „Економист Интелиџент Jунит“ (EIU).

-Реални се бројките и земаат одредени показатели. Ова е добра основа да сфатиме дека сме тргнале во позитивен правец. Радува што имаме подобра бодовна состојба и тоа што менуваме категории, иако сме далеку од целта. Има уште многу да се работи, рече Ивановска.