Избрана е новата Влада на Србија, Ѓуро Мацут - нов премиер

Со 153 гласа „за“ и 46 „против’ српскиот Парламент денеск аја избра нопвата влада што ќе ја предводи Ѓуро Мацут, јави дописникот на МИА од Белград. На гласањето не беа присутни 51 пратеник.
За новата Влада на Србија гласаа членовите на владејачката коалиција од листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да застане“, Социјалистичката партија на Србија, Обединета Србија, ПУПС, Социјалдемократската партија на Србија и Сојузот на војводинските Унгарци. Против беа пратениците на опозициските партии кои присуствуваа на седницата.
На седниците на Собранието не присуствуваа членовите на коалицијата НАДА и Демократската партија.
Економската политика на Србија нема да се промени. Така барем најави Ѓуро Мацут во експозето пред пратениците во Собранието. Политиката на одржување на макроекономската стабилност, каква што ја имавме досега, продолжува, вели тој.
Новата Влада на Србија ќе ја сочинуваат 30 министри, од кои има и од кабинетот на претходниот премиер Милош Вучевиќ, кој поднесе оставка.
Пратениците од владејачкото мнозинство во расправата порачаа дека ќе поддржат избор на нова влада, а пратениците од опозицијата го критикуваа предлогот за мандатар.
Кандидатот за премиер Ѓуро Макут вчера ја претстави програмата и составот на неговиот кабинет.
Состав на новата српска Влада каде две третини од министрите ги задржаа местата што ги имаа во претходната влада кога премиер беше Милош Вучевиќ.
Ѓуро Мацут, премиер
Синиша Мали прв вицепремиер и министер за финансии
Ивица Дачиќ вицепремиер и министер за внатрешни работи
Адријана Месаровиќ вицепремиер и министер за економија
Братислав Гашиќ министер за одбрана
Марко Ѓуриќ министер за надворешни работи
Немања Старовиќ министер за евроинтеграции
Дејан Вук Станковиќ министер за образование
Златибор Лончар, министер за здравство
Драган Гламочиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Сара Павков, министер за заштита на животната средина
Александра Софронијевиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура
Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, министер за рударство и енергетика
Јагода Лазаревиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија
Снежана Пауновиќ, министер за државна администрација и локална самоуправа.
Ненад Вујиќ, министер за правда
Демо Бериша, министер за човекови и малцински права и социјален дијалог
Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, министер за труд, вработување, бранители и социјала
Јелена Жариќ Ковачевиќ, министер за семејна грижа и демографија
Зоран Гајиќ, за министер за спорт
Никола Селаковиќ, министер за култура
Милан Кркобабиќ, министер за грижа на селото
Бела Балинт, министер за наука, технолошки развој и иновации
Хусеин Мемиќ, министер за туризам и млади
Борис Братина, министер за информации и телекомуникации
Дарко Глишиќ, министер за јавни инвестиции
Новица Тончев, министер без ресор
Ѓорѓе Милиќевиќ, министер без ресор
Усаме Зукорлиќ, министер без ресор
Татјана Мацура, министер без ресор
Ненад Поповиќ, министер без ресор
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
