Избрани 14 нови членки на Советот на ОН за човекови права
Генералното собрание на Светската организација денеска избра 14 нови членки на 47-члениот Совет на ОН за човекови права. чија задача е да врши мониторинг и да ги истражува прекршувањата на човековите права ширум светот.
За членки на Советот со мандат од 2017 до 2019 година се избрани Бразил, Велика Британија, Египет, Ирак, Јапонија, Јужна Африка, Кина, Куба, Руанда, Тунис, Саудиска Арабија, САД, Унгарија и Хрватска.
Како што јави Хина, Хрватска и Унгарија се избрани како претставници на регионот „Источна Европа“, за чии две места во трка беше и Русија. При гласањето, Хрватска добила 144 гласа, Унгарија 114, а Русија 112.
Со ваквото гласање, Русија го загуби местото во Советот за човекови права, што западните медиуми го оценија како голем удар за Москва.
Сепка, изненадување претставува изборот на Египет, Кина, Куба и Саудиска Арабија за членки на Советот, имајќи пред вид дека овие четири земји во многу меѓународни извештаи се посочуваат како држави во кои редовно се кршат човековите права.
Советот на ОН за човекови права е формиран во 2006 година, со мандат да ја промовира заштитата на човековите права на глобално ниво и да ја следи состојбата со нивното почитување ширум светот.
Ново на Сител
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата