Издадени нови 4.396 потврди за азил на странски државјани

Во изминатите 24 часа издадени се потврди на вкупно 4.396 странски државјани, од кои 1.822се од машки пол, 808 се од женски, 1.388 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 378 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 2.314,Ирак 1.179и Авганистан 900.
Во периодот од 19.06.2015 до 05.12.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 309.155странски државјани, од кои, 176.097се од машки пол, 48.992се од женски, 67.328 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 16.738 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 181.378, потоа Авганистан 74.767, Ирак 31.569, Иран 6.231, Пакистан 5.416, Палестина 2.158,Сомалија 1.276, од Бангладеш 1.253, Мароко 1.317, Конго 514, Алжир 453, Либан 434, Нигерија 279, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 05.12.2015 до Секторот за азил не се поднесени барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 05.12.2015 година до Секторот за азил се поднесени 82 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет. цр/10:28
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
