-->
-->
Изградена примарна водоводна мрежа во кривопаланечкото село Луке
-->

Заврши изградбата на примарна водоводна мрежа во селото Луке, Кривопаланечко. Изградена е основна одоводна мрежа во должина од 1.700 метри, а проектот е финасиран од Програмата за управување со водите преку Министерството за животна средина и просторно планирање, програма за управување со води и локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
-Изградбата на мрежата чинеше 1,5 милиони денари. Компанијата за надзор на градежните активности изврши контрола на примарната траса, извршен е технички прием на делницата, а по завршувањето на градежните активности, деновиве ќе следува и контрола на квалитетот на водата за потребите на жителите, информираат од општината.
Стручните служби од општина Крива Паланка продолжуваат со планираните активности за изградба и на секундарната мрежа за водоснабдување на населбите Просарци, Камењарци и Мачорци во селото и унапредување на условите за живот на населението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Жена со автомобил удрила малолетник на пешачки и избегала
-
Грабеж на Бит Пазар
-
Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга
-
Му договориле лажна средба со девојката, па го однеле во куќа каде го претепале
-
„Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички во наредните 20 години
-
Електродистрибуција: Секој корисник има право да побара корекција на фактура
-
Туск: Европа може да победи во секоја конфронтација со Русија
-
Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени