-->
-->
Излетал од патот - тешка несреќа во Битола
-->

Во 02 часот и 30 минути утринава кај Братин Дол во Битола се случила сообраќајна незгода во која 23-годишниот Е.М. од Битола, управувајќи патничко возило „Ауди А3“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот, информираат од полицијата.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двете сопатнички, 20-годишната А.К. од Битола и 24-годишната А.Б. од Охрид.
А.К. била задржана во Клиничка болница Битола на понатамошно лекување, додека А.Б. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Општа болница Охрид каде била задржана на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
-

Се помалку се подготвува зимница
-

Сушата ја пролонгира есенската сеидба
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
