Изложба на Мирко Вујисиќ во Чифте амам
Во организација на Националната галерија на Македонија (НГМ) вечер во Чифте амам ќе биде отворена изложба „Хронологија на дневни записи“ на Мирко Вујисиќ.
- Изложбата го сублимира досегашното творештво на авторот, презентирајќи избор на дела кои го рефлектираат неговиот интензивен интерес кон различни ликовни медиуми - графиката, цртежот и сликата. Во случајов, може да констатираме дека наведениот поим хронолошки записи се однесува на презентирање дела од неговите почетоци, па се до денес, но интенционално е избегната инскрипцијата на конкретни наслови и години на изработка, оставајќи на посетителот самиот да ја исчита приказната низ претставениот сублимат на поетиката на различности, соопшти НГМ.
Мирко Вујисиќ (Прилеп, 1957) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот графика, во класата на проф. Драгутин Аврамовски-Гуте, а постдипломски студии завршил во Белград. Од 1985 година работи на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Имал голем број самостојни изложби и учествувал на повеќе меѓународни изложби на графики и цртежи во Македонија и низ светот. Учествувал и на голем број ликовни колонии и е добитник на награди и признанија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции
-
За викендот дожд и повремено снег
-
Дваесет и пет лица уапсени поради онлајн дистрибуција на детска порнографија генерирана со ВИ, соопшти Европол
-
Жена од Гостивар починала во Струга
-
200 кесички марихуана пронајдени кај малолетник од Скопје | ВИДЕО
-
Димитриеска Кочоска: Немав намера да навредам никого
-
Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник