Изложба на млади уметници од Дрезден и Скопје
Во галеријата на Младинскиот културен центар денеска ќе биде отворена изложбата „Близина и далечина“ на која ќе бидат презентирани дела на млади уметници од Дрезден и од Факултетот за ликовни уметности од Скопје.
На изложбата ќе се претстават 20 млади уметници од кои 10-тина доаѓаат од Дрезден, Германија.
- Уметниците не можат да влијаат директно на политичките одлуки на своите влади и се соочуваат со секојдневните проблеми како и сите останати, но имаа способност и морална одговорност да остварат контакт на културно ниво, особено во време кога политичките тензии во светот ќе згуснат. Таму каде што постои потреба и можност за слободно изразување, да се претстави и промени нечиј светоглед, таму постои и можност тоа да се оствари. Така и оваа соработка помеѓу Скопје и Дрезден, теоретски ги нуди сите можности за културните активисти од двете страни. Ние искрено се надеваме дека со нашето доаѓање во Скопје градиме двонасочен мост и со тоа ги каниме младите уметници да учествуваат во културниот живот на Дрезден, Германија и централна Европа, наведуваат организаторите.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?