Македонија
3. November 2016 - 11:25

Изложба во МКЦ за проблемите на ранливите категории

Проблемите и бариерите со кои се соочуваат луѓето од руралните средини при пристап до социјални услуги, со посебен фокус на жените како ранлива категорија, се тема на изложбата „Оut of Sight: Poverty, Rurality, Gender“ отворена во МКЦ Реактор-Истражување во акција.

Изложбата, која претставува визуелно зајакнување на научно истражување на темата „Систем за социјална заштита и социјални разлики“, е отворена во партнерство со Центарот за етика, право и применета филозофија од Србија  и Центарот за развој на заедници од Косово.

Изложбата што ќе биде отворена до 11 ноември, го прикажува вистинското лице на сиромаштијата на жените и девојките од руралните области во Косово и Србија, кое нималку не се разликува од позицијата на девојките и жените во Македонија каде што секој четврти граѓанин живее во беда, а жените се на маргините и најмногу на удар.