Измените на Законот за буџети пред пратениците
Предложените измени на Законот за буџет, по брза постапка, со кои ќе се овозможи Министерството за финансии да прави пренамена, прераспределба на средства на 5 отсто од буџетот, со цел побрза исплата во услови на елементарна непогода, се на дневен ред на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет и на продолжението на 114. седница на Собранието.
Досега Министерството имаше право да прави прераспределба на средства во буџетот во износ до пет милиони евра. Според образложението на министерот за финансии Кирил Миноски, законот се носи за во иднина постапката за обесштетување да оди многу побрзо.
На дневен ред на продолжението на 114. седница се и предлог законите за изменување и дополнување на законите за просторно и урбанистичко планирање, за јавните патишта, за земјоделство и рурален развој, во скратена постапка, Предлог законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции, во прво читање, како и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, во прво читање, поднесен од пратеникот Павле Трајанов.
За законите претходно е закажана расправа во комисиите за транспорт, врски и екологија, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Струга
-
Неприфатливи се барањата на компаниите за зголемување на цената на струјата
-
РЕК Битола: Стожерот на македонската енергетика исправен пред бројни предизвици
-
Обвинителството уште го чека обдукцискиот наод за 14 месечното бебе кое почина на Детска
-
Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија
-
Инфлацијата забавува, каматите паѓаат, економијата заздравува
-
Moнтеко: Совршени вина од лозови насади на 600 метри надморска височина во Кратовскиот регион