Измените на Законот за јавни набавки на собраниска седница
Во Собранието на Република Македонија денеска попладне ќе се одржи продолжението на 19. седница на која на дневен ред е Предлог законот за изменување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка со кој се предлага укинување на Советот за јавни набавки.
- Целта на измените е да се отстранат непотребните бирократски процедури што доведуваат до намалување на ефикасноста и економичноста на постапките за доделување на договори за јавни набавки и го загрозуваат остварувањето на начелото на рационално и ефикасно искористување на јавните средства. Исто така, ќе се надмине непотребното преклопување на одредени надлежности на Советот за јавни набавки со други органи и тела кои имаат исти или слични надлежности во оваа област, стои во образложението на законот.
Советот за јавни набавки започна да работи на барањата за добивање согласност од 1 мај 2014 година. Во изминатиот период од формирањето, стои во образложението, извршени се повеќе анализи на ефектите од неговото постоење и може да се констатира дека работењето главно негативно влијае врз ефикасноста и економичноста на системот на јавните набавки, најчесто со пролонгирање на подготовката и зголемување на трошоците во постапките за јавна набавка (поради плаќање на надоместоци во процесот на добивање согласност), како и со субјективност во одлучувањето.
- Советот не успеа да ги оствари првичните цели поради кои беше воспоставен, односно неговите одлуки не доведоа до значително зголемување на конкуренцијата во постапките за доделување на договори за јавни набавки бидејќи нема значително зголемување на просечниот број на поднесени понуди. Насоките кои ги дава Советот ги принудува договорните органи во тендерските документации елементите за квалитет да ги сведат на минимум, иако постои ризик од несоодветно дефинирање на квалитетот преку техничките спецификации, наведува предлагачот на измените, Министерството за финансии.
Пратениците ќе одлучуваат и за измените и за дополнувањата на Законот за социјална заштита и на Законот за заштита на децата, двата во второ читање.
Ново на Сител
-
Кога една остварена цел, отвора можност за нова | Славјанка Петровска | Sitel Podcast 069
-
Манчестер јунајтед има три победи и едно реми по отпуштањето на Тен Хаг
-
Пуштено на домашно лекување момчето тешко повредено при пукање во Арачиново
-
Само 23 отсто од Французите го поддржуваат Макрон
-
Ревија на стари автомобили се одржа во Тетово, најстар беше „Фиат“ од 1932 година
-
Релево: Реал сака да го ангажира Лапорта во зимскиот трансфер прозорец
-
САД: Државен службеник им наредил на работници да не им помагаат на гласачи на Трамп по ураган
-
Руската ПВО утринава соборила 70 украински дронови, од кои половината летале кон Москва