-->
-->
Изминатото деноноќие два пожара во Кривопаланечко
-->

Екипите на територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Крива Паланка изминатите 24 часа интервенирале на два пожара кои се случиле на отворено, едниoт во селото Конопница, другиот во село Добровница.
- Во село Добровница изгореа два хектара сува трева, еден тон сено и околу дваесетина родни дрвца. Пожарот настанал на приватен имот, а причината е невнимание на жителите. Во гаснењето и ликвидацијата учествуваше едно возило на ТППЕ со тројца пожарникари, а помогнаа и петмина жители на Добровница, информира Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.
Пожарот во селото Конопница зафати борова шума. - Опожарени се речиси еден хектар борова шума, но нашите екипи дејствувале брзо и не дозволиле пожарот да се прошири и да настане поголема материјална штета, додаде Коцевски.
Според него, овој пожар настанал поради непочитување на забраната за движење во шуми која важи до 5-ти август годинава.
- Апалираме сите граѓани кои немаат дозвола да ја почитуваат забраната заради лична безбедност и зачувување на шумите, истакнаКоцевски.
На подрачјето на општина Крива Паланка овој месец се случиле вкупно девет пожари од кои само еден е со помала материјална штета.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
