Jавна расправа за предлог законот за конфискација на имот во граѓанска постапка
Во Клубот на пратеници деенска ќе биде одржана јавна расправа за предлог законот за конфискација на имот во граѓанска постапка. Предвидено е обраќања да имаат вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за правда Кренар Лога и Олег Солдатов, раководител на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.
По презентацијата на предлог законот и на меѓународните стандарди и компаративни искуства, ќе следи отворена дискусија за предложеното законско решение, на која стручната фела ќе има можност да ги сподели своите предлози и сугестии, соопшти владината прес-служба.
Целта на донесувањето Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка е да се заштити јавниот интерес на Република Северна Македонија на начин што ќе се оневозможи располагање со имот, за кој не може да се докаже дека е стекнат од законски извори, а во насока на превенирање кривични дела поврзани со организираниот криминал и корупција.
Ново на Сител
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот