-->
-->
Јотовски со сигурна игра до четвртфиналето
-->
Македонскиот тенсиер Томислав Јотовски успешно ја мина и втората пречка на фјучрсот во Грузија откако денеска го совлада Шунсуке Вакита од Јапонија со 2-0 во сетови и со тоа се пласира во четвртфиналето.
Нашиот тенисер првиот сет го доби со 6:2 во гемови, а разликата ја направи откако по 1:1 имаше серија од четири гема и водство од 5:1. Во вториот сет беше 6:3 за Јотовски. Мечот траеше 99 минути.
Јотовски во четвртфиналето ќе игра против квалификантото Гиљермо Оласо од Шпанија (29.години). Шпанецот повеќе од три години немаше настапи на турнири, а во октомври 2011 година бил 168 на АТП листата.
Јотовски попладнево ќе има настап и во конкуренција на двојки каде заедно со Виктор Филипенко ќе играат против браќата Александар и Максим Малишев од Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
76-годишна прилепчанка измамена за 380.000 денари - ја убедиле дека внука ѝ ќе оди во затвор
-
Оштетен автомобилот на скопјанка по тепачка со жена на Бит Пазар
-
Скопјанец нападнат од својот малолетен внук
-
Зеленски: Украина стори се што беше можно да ги отвори преговорите со ЕУ во јуни
-
СЗО: Медицинска помош не е влезена во Газа од израелското заземање на преминот Рафа, на 6 мај
-
Словачкото обвинителство побара притвор за напаѓачот на премиерот Фицо, судот за тоа ќе одлучува утре
-
УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023
-
Тешко повредено едно лице откако српско возило излетало од автопатот Неготино - Демир Капија