Јовановски: Заев испумпува милиони евра од џебовите на граѓаните
Две работи се бесконечни, глупоста и алчноста на Заев и неговите соработници.
Во предизборната кампања во 2016 година, Заев лажеше за зголемување на животниот стандард, правда за сите и расчистување со криминалот.
Од животот и зголемениот стандард, граѓаните видоа само криминално богатење од страна на СДС. Наместо повисоки плати, тие се намалуваат, а наместо повисоки пензии се укина и планираното покачување.
Од ветената правда за сите, граѓаните добија селективно судство и партиски прогон. Од расчистувањето со криминалот, јавноста гледа како се ослободуваат тешки криминалци, а убијци се фотографираат со функционерите на СДС. Секојдневно се палат возила и се рекетираат бизнисмени, државата станува арена во која царува подземјето.
Додека Заев ги манипулира, понижува и навредува граѓаните, неговиот клан енормно се богати.
За кого дојде животот?
Преку неговиот пријател Митко Андреевски, Заев испумпува милиони евра од џебовите на граѓаните. Фирма без имот, регистрирана во куќа во Драчево, со само еден вработен, е главен дистрибутер на гас во Струмица.
Преку оваа фирма Заев на струмичани им продаваше гас три пати повисок од пазарната цена.
Денеска кога кандидатите за градоначалници од СДС говорат за гасификација на општините, тие говорат за гасификација која ќе функционира по системот на Струмица. Граѓаните да плаќаат тројно поскап енергенс, а кланот Заеви да се богати на нивен грб.
Додека СДС ги лаже граѓаните дека ќе им се зголемува животниот стандард раководството на оваа партија инкасира милиони евра на нивните сметки. Додека животот пристигна за бизнисите на Заев и неговите соработници, за граѓаните пристигна помрачување. Македонија влегува во рецесија, се намалуваат плати, расте сиромаштијата, расте невработеноста, се замрзна покачувањето на пензиите, целата држава започна да тоне за само 5 месеци владеење на оваа влада.
Ваквото криминално и расипничко владеење на СДС својот крај ќе го доживее на 15-ти октомври.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата