Јовески: Обвинителството ќе се дистанцира од извршната власт
Новоизбраниот јавен обвинител Љубомир Јовевски во свечената изјава се обврза дека ќе го почитува Уставот и законите и оти ќе работи чесно, совесно и непристрасно. Ќе работи на враќањето на довербата на граѓаните во Јавното обвинителство.
- Пред голем предизвик сме да ја вратиме загубената доверба во работата на обвинителството пред граѓаните и да се профилира како професионална институција што ќе ги гони сторителите на кривични дела. Затоа ќе работам обвинителството да ја зашитува законитоста и да обезбедуа владеење на правото во Република Македонија, изјаи Јовевски.
Тој ја уверува јавноста дека Обвинителството ќе се дистанцира од извршната власт и другите центри на моќ и ќе биде самостоен државн орган надлежен за гонење на криминал.
- Ја гарантирам самостојноста во постапувањето на јавните обвинители и инсистирам да го истражуваат и гонат криминалот и корупцијата, а своите одлуки да ги носат исклучиво врз основа на доказите и фактите што ќе се утврдат, а утврдувањето на вистината да им биде приоритетна цел, рече новиот јавен обвинител.
Јовевски кажа дека имал конктакти со СЈО и дека значително е подобрена соработката. Се уште е рано, вели да се зборува кој ќе му биде прв случај. Законот за амнестија, како што рече Јовевски, е работа на Собранието дали ќе го донесе или не и нема да се меша во тоа.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите