Каде наврна најмногу дожд - Еве ја состојбата во Македонија
Најмногу дожд во последните 24 часа наврна во Претор. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Претор е наврнат воден талог од 62 литри на метар кубен, следува крушево со 45, Маврови Анови со 39, Битола со 38, Пожаране со 37, Гевгелија и Тополчани со 34, Охрид 33, Прилеп 29, Лазарополе 28, Тетово 27, Ѓуриште 22, Куманово 20, Дебар 17, Штип 15, Дојран 14, Скопје и Кавадарци 12, Демир Капија, Крива Паланка и Струмица седум, Берово 6 и Виница 5 литри на метар квадратен.
Во текот на денот ќе има повремени врнежи, кои ќе бидат поинтензивни во западните и северозападните делови, а од утре ќе бидат со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани и кон крајот на денот постепено ќе престануваат.
Од сабота следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура на воздухот.
Времето денеска ќе биде во интервал од 16 до 22 степени, а во Скопје до 20 степени.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови владини одлуки
-
Тема на денот со Бојан Кордалов
-
За една недела 4 починати од Ковид – Вакцини се уште нема
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков