Камбовски: Договорот од Преспа оптимално решение
- Договорот од Преспа е оптимално решение што Македонија можеше да го постигне за решение на спорот за името, смета академикот Владо Камбовски, кој денеска заедно со академикот Владо Поповски и Нано Ружин одржа средба со новинарите посветена токму на овој договор.
На иста линија со Камбовски е и академикот Поповски кој вели дека „не можеше да има подобар договор“ и оти е илузија доколку некој каже дека би склучил подобар договор од овој.
Камбовски кажа дека ова не е официјален став на МАНУ, туку дека ова се некои научни погледи на академици од Центарот за стратегиски истражувања на Академијата.
Утрешната научна расправа на тема „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евро-атлантските интеграции на Република Македонија“ се организира како одговор на потребата од научна и стручна анализа на Спогодбата од Преспа и на општествениот, политичкиот и медиумскиот контекст во кој таа е склучена. Учество ќе земат повеќе членови на МАНУ, еминентни научници, претставници на власта и на акредитираните дипломатски мисии во земјата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер за транспорт и врски
-
Бројката на повредени во трагедијата во Кочани надмина 200 - Во Македонија на лекување се 54 пациенти и се стабилни
-
Од идната недела ќе почне враќањето на дел од повредените на лекување во странство
-
Затворени 2 угостителски објекти, пуштале музика во денови на жалост, контролите продолжуваат
-
Засилени контроли во општините по трагедијата во Кочани
-
Собир на граѓани во Кочани
-
Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат
-
Преглед на вестите од светот