-->
-->
Камион-миксер удрил во вториот кат на автобус на ЈСП
-->
Камион-миксер удрил во вториот кат на автобус на ЈСП, пишува Скопје24
Несреќата се случила утрово во 9.30 часот на раскрсницата кај „Палома бјанка“. Автобусот кој се движел од Ѓорче Петров кон Центар застанал паралелно до камион-миксер на раскрсницата кај „Палома бјанка“. Кога камионот се обидел да сврти лево кон Италијанската амбасада, иако на таа раскрсница е забрането вртење лево, го зафатил горниот кат на автобусот и скршил стакло.
Патниците биле мошне вознемирени.
ЈСП прави увид во предизвиканата материјална штета, која дополнително ќе се утврдува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Се виде дека промената на Уставот не го решава проблемот со Бугарија
-
Левица: Предложивме Закон за огрaничување на кириите
-
Таравари: Ќе се трудиме да ставиме повеќе лекови на позитивната листа
-
Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата
-
МВР: Не чекајте последен момент за да ја смените возачката
-
Охрид има над 1500 крвoдарители
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар