Кампањи за јавен интерес во медиумите
Град Скопје има потреба од дополнителен медиумски простор. Затоа за 130 илјади евра преку маркетинг агенција ќе се рекламира – на билборди, паноа, светлечки табли, автобуси, автобуски постојки. Освен овој класичен начин за промоција, достигнувањата на градската администрација на Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов ќе биде видлива и на фејсбук и гугл. Градот трошењето илјадници евра за промоција го правда поради тоа што медиумите не нуделе толку простор, колку што тие имале информации да соопштат. Маркетинг агенцијата во име на градот треба да закупи рекламен простор и на информативните и забавните интернет портали, пишува Алсат.
Не се работи за класичен закуп на медиумски простор заради промотивни цели, туку за простор за пласирање на различни сервисни информации и кампањи за подигнување на свеста на граѓаните за различните комунални предизвици – велат од Град Скопје.
Од Алсат ја прашале Владата, како гледаат на одлуката град Скопје да ангажира маркетинг агенција за да се рекламира, по што добиле одговор за нивниот план поврзан со член. 102 од Законот за медиуми, при што од „илиденска“ изјавија:
„Неопходно е да се дефинираат механизми, а тоа значи и соодветна измена на член 102, за да се овозможи институциите да можат да реализираат јавни комуникации (кампањи) од исклучителен јавен интерес и преку радиодифузерите, на теми кои се од витално значење за граѓаните и државата, како што е на пример вакцинацијата, антикорупцијата, справувањето со дезинформациите и слично – известуваат од Владата.“
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови