Македонија
6. March 2018 - 21:26

Кембриџ програма во средно нема да почне ни наредната учебна година

Примената на наставни планови и програми по Кембриџ-програмата  во средно образование нема да почне ни од наредната учебна 2018/2019 година, одлучила Владата на денешната седница. 

- Министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата за одложена имплементација на наставните планови и програми за прва година на гимназиското образование, средното стручно четиригодишно образование и за средното стручно тригодишно образование од учебната 2019-2020 година, соопшти прес-службата на Владата.

Претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ Кембриџ во средно најавуваше од оваа (2017/2018) учебна година како продолжение на Кембриџ-програмата за предметите од природните науки воведена во основното образование, но од 1 септември оваа програма не беше воведена за средношколците.

Владата на вечерашната седница усвоила и Информација за воведување на италијанскиот јазик во основно и во средно образование како можност за втор странски јазик.