Керим се обврза дека како Генерален секретар на ОН ќе ја води борбата против климатските промени

Во својата нова колумна објавена во Хафингтон Пост, македонскиот кандидат за Генерален секретар на Обединетите Нации Срѓан Керим пишува дека постигнување меѓународна согласност во борбата против климатските промени ќе мора и понатаму да биде една од главните задачи на идниот прв човек на светската организација. Според Керим, постигнувањето согласност за активностите против климатските промени е најзначајниот дел од наследството што го остава досегашниот Генерален секретар Бан Ки-мун.
- На самитот Г-20 во Хангжоу беше забележително американско-кинеското лидерство по ова прашање. САД и Кина формално пристапија кон договорот за климатските промени, со што светот дојде многу поблиску до прагот од 55 проценти неопходен за договорот од Париз да стапи на сила, бидејќи САД и Кина заедно испуштаат блиску до 40 проценти од светските стакленички гасови. За брза ратификација на договорот важна беше и согласноста на Европската Унија која испушта 10 проценти од овие гасови, и која во Париз се обврза да го намали нивното испуштање за 40 проценти до 2030 година. Како што полскиот претседател Анджеј Дуда изјави пред Обединетите Нации, наследството што им го оставаме на нашите деца и внуци е тоа по што ќе не помнат и што ќе пишува за нас во историските читанки. А претседателот Обама е апсолутно во право кога вели дека денешните напори претставуваат пресвртна точка за планетата и се темел за историското постигнување на овој план, пишува Керим во неговата колумна посветена на климатските промени во Хафингтон Пост.
Керим пишува дека ќе продолжи да покажува лидерство по ова прашање, доколку биде избран за Генерален Секретар на ОН. Тој потсетува дека како Претседател на Генералното Собрание на ОН, позиција која ја имаше во сесијата 2007/2008, ги ставил климатските промени високо на агендата на организацијата. Покрај намалување на испуштањето стакленички гасови за кои се верува дека ја менуваат климата на земјата, Керим вели дека климатскиот договор ќе обезбеди нови и поефтини видови на енергенси.
- Важноста на договорот од Париз не се мери само во неговите можни еколошки ефекти, туку и во промоцијата и развојот на обновливата енергија. Овој фундаментален договор е клучен за да се отвори нова насока на одржлив развој со кој ќе ги интегрираме државите во развој во нова, растечка светска економија. Не смееме да ја заборавиме релевантноста на обновливата енергија. Во неговата изјава во 2011 година, Генералниот Секретар Бан Ки-мун соопшти дека според Меѓународната Агенција за Енергетика, со инвестиција од 50 милијарди долари годишно може да се обезбеди целосен пристап до модерни енергетски услуги. А извештај на Светскиот Институт Мекинси од 2008 година покажа дека со годишна инвестиција од 170 милијарди долари во заштеда на енергијата ќе се обезбеди годишна стапка на поврат на инвестицијата од 17 проценти и ќе се заштеди енергија вредна 900 милијарди долари. Денес, овие инвестиции растат, додава Керим, според кого, работата за исполнување на целите поставени до 2030 година мора да почне уште денес.
Ново на Сител
-

Роналдо инвестираше 10 милиони евра во создавање нов бренд за минерална вода
-

Лекорну за протестите: Франција нема да дозволи да биде заплашена преку насилство
-

Протестите во Париз, Лион и Стразбур ескалираа во судири со полицијата, уапсени 166 лица
-

Ѓорѓиевски: За моите сограѓани секогаш има време - и оваа сабота со отворени врати и искрен разговор
-

Утре сончево со умерена облачност
-

871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига
-

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласале 85 болни и немоќни лица
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
