Кина ќе го менува Уставот
- Политбирото на владејачката Комунистичка партија на Кина донесе одлука во следните месеци да иницира предлог-амандмани на Уставот на земјата, што би била негова прва измена по 2004 година.
Одлуката за имени на Уставот е донесена на денешната седница на Политбирото, со која претседавал генералниот секретар на партијата и кинески претседател Си Џинпинг.
Во соопштението од седницата, што го пренесуваат кинеските државни медиуми, не се посочува за какви измени на Уставот станува збор.
Меѓутоа, западни извори шпекулираат дека е можно да станува збор за уставни амандмани со кои би му се овозможило на Си да остане на претседателската функција и по истекот на неговиот сегашен мандат во 2022 година.
Согласно Уставот, претседателот на Кина има право на само два мандати од по пет години. Кога станува збор за другите две функции што сега ги извршува Си - генерален секретар на Комунистичката партија на Кина и претседател на Централната воена комисија, не постојат ограничувања на бројот на мандатите.
Тврдењата дека Си има амбиции да остане на функцијата шеф на државата и по 2022 година, се појавија уште во октомври годинава, кога при именувањето на новото партиско раководство, тој јасно не назначи кој би можел да биде негов наследник, што досега беше вообичаена пракса.
Според Блумберг, со измените на партискиот Статут во октомври, Си практично стана еден од најмоќните лидери во историјата на Кина,
Актуелниот Устав на Народна Република Кина е донесен во 1982 година, од кога е менуван четири пати.
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
