Клековски: Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија
Директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски на неговиот фејсбук профил објави дека денеска се згрижени над 140 настрадани.
-Во земјава се 90 повредени и тоа Клинички центар 20, ГОБ 8 септември 20, Св. Наум Охридски 21, КБ Штип 20, ОБ Кочани 7, Токсикологија 2. Има пациенти и во Аџибадем Систина и Жан Митрев. Во странство се прифатени 44 повредени и тоа Србија 17, Бугарија 14, Турција 9 и Грција 4. Бројките се менуваат поради пренесување на повредените во други болници. Пристигнатите во странство се стабилни. Ноќеска и рано наутро ќе заминат 8 повредени, за Хрватска 4 и за Романија 4. Има можности за Словенија и Унгарија по 4 лица и Австрија 6 лица, напиша Клековски на фејсбук.
Тој информира дека од раните утрински часови во Клинички центар функционира Кризниот штаб на Министерството за здравство, во одлична координација со МВР и МНР.
-Состојбата на сите пациенти се набљудува и конзилијарно се одлучува за понатамошните постапка. Вечерва пристигна еден тим од ВМА Белград, а во очекување сме на тимови од Чешка, Израел и Белгија. Сите, сите повредени се згрижени најдобро што можеме!, објави Клековски.
Ново на Сител
-
Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
-
Бугарскиот државјанин кој измами кумановка за 30.000 евра доби четири години и десет месеци казна затвор
-
Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
-
Посебен сообраќаен режим вечер во центарот на Скопје поради протестен марш
-
Обвинителскиот тим проширен - 11 јавни обвинители вклучени во истрагата за пожарот во Кочани
-
Издадена наредба за обдукција и вештачење на оружјето од инцидентот во Волково
-
Со извици „Вие сте платеници“ новинарите избркани од Студентскиот пленум
-
Мицкоски: Расте просечната плата, пензионерите ќе го добијат покачувањето