-->
-->
Клоп седнува на клупата на Ливерпул
-->
Германецот Јирген Клоп е новиот менаџер на Ливерпул и во следните три сезони ќе ги предводи „црвените“. Тој денеска се согласил да го предводи тимот од Енфилд и да се обиде да го извлече од кризата во која се наоѓа.
Ливерпул под водство на Брендан Роџерс, кој беше отпушетен во неделата по дуелот со Евертон се наоѓа на 10.место на табелата со 12 бода и само три победи од осум натпревари. Притоа Ливерпул одигра и три нерешени резултати во куповите (два Лига Европа и еден Лига куп на Англија).
48-годишниот Клоп се очекува за свои помошници да ги донесе досегашните соработници од Борусија Дортмунд.
Во текот на попладнето и вечерва се очекува пристигнување на Клоп во Ливерпул и евентуално утре и промоција со прес конференција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени