Клуге: Европа го премина прагот од 10 милиони случаи на Ковид-19
Европа денеска го надмина прагот од 10 милиони случаи на коронавирус, соопшти регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге и посочи дека оваа недела Европа бележи најголема зачестеност на случаи Ковид-19 од почетокот на пандемијата, откако во изминатите седум дена се пројавени 1,5 милиони пациенти.
– Вкупниот број на потврдени случаи се зголеми од седум на девет милиони за само 14 дена, а денеска Европа го надмина прагот од 10 милиони случаи, рече Клуге на вонредниот состанок во Копенхаген на министрите за здравство во европскиот регион на СЗО посветен на прогнозите за зимата во врска со коронавирусот, се вели во соопштение на СЗО.
Тој додаде дека во повеќето европски земји во период од 14 дена е регистрирана многу висока стапка на инциденца од повеќе од 200 случаи на 100.000 жители.
Клуге истакна дека бројот на хоспитализирани се искачи на ниво што не е забележано минатата пролет, со повеќе од 10 хоспитализирани на 100.000 жители во третина од земјите во Европа.
Тој додаде дека стапката на смртност нагло се зголемила, и минатата недела регистрира раст од 32 проценти низ цела Европа.
Ново на Сител
-
Затворски полицаец нападнат од осуденик во КПУ Затвор-Штип
-
Мелбурн оддава почит на жртвите на трагедијата во Кочани, зградата на Владата во боите на македонското знаме
-
Погребани членовите на ДНК кои загинаа во пожарот во Кочани
-
Објавени имињата на загинатите во трагедијата во Кочани
-
Зеленски: Се додека не се потпише документ за прекин на огнот, руските напади ќе продолжат
-
Пораст на дневните, но се уште минусни утрински температури
-
Тројца починати во Кочани на 16-годишна возраст, најголем број од починатите на возраст на 24 и 26 години
-
Ана од ДНК: Си замина дел од моето второ семејство, заедно со нив и душава моја