Коцијанчиќ: Не постои писмо испратено од Хан до македонските политички лидери

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан не испратил никакво писмо до македонските политички лидери во кое наводно бара да се договори одржување на лидерска средба во Брисел или во Виена, јави дописникот на МИА од Брисел.
Ова во изјава за МИА денеска го потврди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, според која пишувањето на некои македонски медиуми дека Хан испратил такво писмо до Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети е едноставно невистина.
- Нема писмо и не можам да претставам никаква супстанца од него, бидејќи не постои. Но, она што постои се елементи кои се искажани во детали во изјавата што беше објавена пред неколку дена и тоа ја претставува нашата позиција и нашиот пристап, истакна Коцијанчиќ.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
