Компании од Радовиш донираа вода и храна за настраданите во поплавите

Дел од компаниите и здруженијата од општина Радовиш активно се вклучија во хуманитарната акција за настраданите во поплавите во Скопје.
Како што информираат од општината, рудникот „Бучим“ донираше вода и конзервирана храна, фирмата „Церада пласт“ донираше вода, дел од Здруженијата во општина Радовиш донираа вода и други продукти, а се повеќе се зголемуваат и донациите од хуманите граѓани.
И денес Општинската организација на Црвен Крст од Радовиш во соработка со општина Радовиш на Плоштадот Св.Спасо Радовишки поставија штанд за собирање на донациите во вода, конзервирана храна, хигиенски средства, детергенти и др. продукти кои се неопходни за настраданите во поплавите. Штандот на плоштадот ќе биде поставен до 19:00 часот.
Исто така, денеска во Скопје замина и екипа од ЈП Плаваја со цел да помогне во расчистувањето на последиците од поплавите. Во кооординација со Центарот за кризи од Скопје доколку биде потребно, и во наредните денови општина Радовиш ќе помага со човечки ресурси и механизација, информираат од општината.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
